Интер ја прекина црната серија на гостувањата
Foto

Интер ја прекина црната серија на гостувањата

Тимот на Интер ја завршува 2018 година на третото место во Серија „А“.

„Нероазурите“ победија со 1:0 против Емполи во натпревар од 19-тото коло и ја прекинаа серијата без успех далеку од „Џузепе Меаца“. 18-кратните шампиони на Италија забележаа едвај две реми на последните четири гостувања (Аталанта – 1:4, Рома – 2:2, Јувентус 0:1, Киево – 1:1), а за последно земаа трите поени на 29 октомври на „Олимпико“ против Лацио (3:0).

Единствениот гол беше дело на Кеита Балде во 72-та минута, кој се врати меѓу стартерите за мечот во Тоскана.

Резултати од Серија „А“, 19.коло:

Јувентус – Сампдорија 2:1
Киево – Фросиноне 1:0
Емполи – Интер 0:1
Џенова – Фиорентина 0:0
Парма – Рома 0:2
Лацио – Торино 1:1
Сасуоло – Аталанта 2:6
Удинезе – Каљари 2:0

Во последните два натпревари за годинава, подоцна се среќаваат Наполи – Болоња и Милан – СПАЛ.

0 Коментари

Остави коментари