Интер е нов лидер на Серија А
Foto

Интер е нов лидер на Серија А

Интер го победи СПАЛ со 2:1 и се најде на првото место на табелата во италијанскиот фудбалски шампионат.

Интер го искористи киксот на Јувентус кој на свој терен првпат не успеа да победи откако на клупата е тренерот Сари, и одигра само 2:2 против Сасуоло. Двата гола за Интер ги даде Лаутаро Мартинес.

Лацио го надигра Удинезе со 3:0, во меч на кој Илија Несторовски ги одигра сите 90 минути. Кај римјаните два гола даде Чиро Имобиле кој сезонава на 14 меча има дури 17 голови, учинок каков што не е виден во Италија цели 60 сезони.

0 Коментари

Остави коментари