Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација.
Премиерот Зоран Заев, кој наскоро заминува за Софија на средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, вчера по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба порача дека борбата на македонските револуционери никогаш не била мотивирана ниту за територии, ниту пак за доминација на едни врз други, туку за владеење на принципите на правда, одговорност и еднаквост и дека никогаш не била свртена кон минатото, туку кон иднината.
0 Коментари