Интензивирани мировните преговори за крај на војната во Украина - Виткоф на средба со Путин
Стив Виткоф во Москва, Ден Дрискол во Киев.. Доналд Трамп ги испрати своите емисари на средба со Путин и Зеленски во најнов обид да го финализираат мировниот план за Украина...Американскиот претседател тврди дека во текот на минатата недела е постигнат голем напредок за завршување на конфлктот и најави средба со Путин и Зеленски, но само ако договорот за крај на војната е завршен или е во завршна фаза... Иако меѓу двете страни, како што вели Трамп, има голема омраза, работите се движат во добра насока .. .
Доналд Трамп – претседател на САД
„Почнавме со Русија, имаме разговори со Русија. Украина е добра, мислам дека е многу среќна со тоа. Има напредок. Тоа беше мапа. Не беше тоа план туку концепт и од тоа ги земааа секоја од 28-те точки и ги намалија на 22 – ве точки. Многу од нив всушност се од корист на Украина. Ќе видиме што ќе се случи. “
Од Европа пак велат дека ќе бидат заедно со Украина се додека земјата не дојде до траен мир..Претседателката на Европската Комисија, Урсула вон дер Лајен ја обвини Русија дека секој пат кога мировните преговори напредуваат, насилството ескалира а Москва бара да се прекројат границите на континентот..
Урсула вон дер Лајен – претседателка на Европската Комисија (титл)
„Станува збор за обезбедување силна и одржлива безбедносна архитектура за нашиот континент, поткрепена од силна Европа, силно НАТО и силно трансатлантско партнерство. Тоа е она што ќе го браниме заедно со Украина и нашите сојузници на секој чекор “
Од Русија пак тврдат дека иако напредуваат разговорите меѓу Москва и Вашингтон, на многумина не им одговара тоа ...
Дмитри Песков – портпарол на Кремљ
„Во многу земји има такви кои сакаат да го попречат решавањето на конфликтот во Украина. Факт е дека ќе има многу голем број луѓе во различни земји, вклучувајќи ги и САД, кои ќе се обидат да ги попречат овие напори кон мирно решение - тоа е сигуро.“
Слични изјави доаѓаат и од внатре од Европа...Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини ги обвини Германија и Франција дека се противат на мировниот договор ...Во интервју за Ла Република, Салвини изјави дека има впечаток дека луѓе во Париз и Берлин сакаат војната да продолжи, за како што вели, можеби за да продаваат оружје..

