Институтот за национална историја со осуда на политичко оспорување на македонската историја
Foto

Институтот за национална историја со осуда на политичко оспорување на македонската историја

Евроинтеграциите на македонската нација не смее да се условуваат со ултимативно прифаќање на „историски вистини“ од други национални историографии, реагира Институтот за национална историја.   

„Институтот не може да не реагира во услови кога политиките директно задираат во науката и особено кога со политички меморандуми цела една нација и историска наука се квалификуваат како фалсификаторство и се повикува на целосна ревизија на историјата на македонскиот народ и нација. - велат од Институт за национална историја.

Белгискиот историчар Рејмонд Детрез во интервју за ДВ вели дека изградбата на македонската нација во ништо не се разликува од другите, вклучително и бугарската.

„Формирањето на бугарската нација, според „очевидци“ како Априлов, Раковски, Балабанов и други, започнало во 30-те години на 18 век и се совпаднало со реформите на османлиската држава познати како Танзимат. Петко Славејков не информира за првите манифестации на нешто како македонската национална идеологија во напис во весникот Македонија од 1871 година.“ - изјави Рејмонд Детрез, белгиски историчар.

Дел од аналитичарите во Стидио 10 на ТВ24 имаа поделно мислење за стратегијата на македонската влада во однос на Бугарија

Ријечки „Нови лист“ пак во својата анализа за македонско - бугарските односи пишува дека Грција и Бугарија при влегувањето во ЕУ ги прифатиле основните договори на Унијата и правилата за однесување, па затоа, се што се случува изминативе триесет години на релација ЕУ – Македонија е огледало на реалната состојба во Унијата.

0 Коментари

Остави коментари