Институционален молк за назначувањето на Тодоровски за дипломат во Виена
Кој и зошто овозможил разузнавачот Киро Тодоровски кој беше правосилно условно осуден да добие безбедносен сертификат со степен „државна тајна“ и да биде испратен како претставник на Агенцијата за разузнавање во Виена е прашање кое го наметна политичката партија Левица но бараа одговор од институциите но и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, но и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Во дописот од партијата наведуваат
Левица
- Разузнавачот Киро Тодоровски, кој признал вина и е правосилно осуден во предметот „Титаник“, во ноември 2025 година бил вратен во Агенцијата за разузнавање, во февруари 2026 година добил сертификат за пристап до информации со степен „државна тајна“, а веќе во јули бил испратен во Виена како претставник на државата. Според потврдата што Кривичниот суд ја издал на 21 мај 2026 година, неговата осуда сè уште се наоѓа во казнената евиденција. За овој случај не може да молчи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Кабинетот на претседателката не може да се однесува како случајот да се случува во туѓа институција. Кога орган под нејзина непосредна институционална надлежност испраќа осудувано лице на чувствителна позиција во странство, молкот престанува да биде воздржаност и станува политичко покровителство.
ТВ 24 побара став и вчера но и денеска од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Дафкова но одговор не добивме.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак само кратко за ТВ 24 велат
ВМРО-ДПМНЕ
- Во однос на обвинувањата на политичката партија Левица , нашиот став е дека целокупната процедура е во целост испочитувана во постапката која е класифицирана.
Сепак иако Левица уште пред некој ден реагираше за овој случај но до сега не се произнесоа ниту Агенцијата за разузнавање , Агенцијата за национална безбедност и од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

