Инстаграм во обид да го спречи ширењето лажни вести за претседателските избори во САД
Foto

Инстаграм во обид да го спречи ширењето лажни вести за претседателските избори во САД

Инстаграм вчера вовоеде промени на својата платформа за американските корисници со цел да се спречи ширење на лажни вести за време на претседателските избори на 3 ноември.

Од вчера на Инстаграм за американските корисници привремено е укината опцијата за обележување и пребарување на содржини со ознака (хаштаг) „неодамна“.

– Тоа го правиме за да ги редуцираме потенцијално штетните содржини во реално време, што би можеле да се појават за време на изборите, се наведува во соопштението на Инстаграм.

Со „неодамна“ на Инстаграм се уредуваат ознаките по хронолошки ред и ги засилува содржините, што може да доведе до брзо ширење на лажни информации.

Претходно, Твитер најави дека ќе ги отстранува твитовите кои повикуваат на попречување на американскиот изборен процес или објавувањето на изборни резултати, вклучително и повиците нанасилство.

0 Коментари

Остави коментари