Инспекторите направиле над 5000 контроли и надзори за седум дена, осум угостителски објекти затворени
Foto

Инспекторите направиле над 5000 контроли и надзори за седум дена, осум угостителски објекти затворени

Инспекциските служби во периодот од 29 март од 4 април спровеле 5 236 надзори и контроли. За констатираните неправилности изречени се решенија, прекршочни пријави и платни налози.

Вкупно осум угостителски објекти се затворени поради непочитување на протоколот за работа. По два угостителски објекта се од Скопје и Битола и по еден во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово. Било утрвдено непочитување на работното време или бројот на гости.

Во сите овие случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност.

0 Коментари

Остави коментари