Инспекторатот за животна средина зема примерок од локацијата во Орман каде има опасен отпад
Поладневно инспектори од животна средна земаа примероци од локацијата кај скопски Орман на која има опасен отпад.
Од општина Ѓорче Петров најавуваат дека отпадот ќе се дислоцира на безбедно место според прописи. Се работи за отпад што содржи тешки метали, опасни по здравјето на луѓето. За овој скандалозен случај голем број на прашања остануваат без одговор.
Едно од тие прашања е и колку време бил складиран на локацијата. Неофицијално, сопственикот на имотот не знел дека на наеговото место имало опасен отпад. Од каде е донесен отпадот и како завршил токму на овој плац сѐ уште не се знае, а одговорите ќе ги даде лабораториска анализа. Ќе следуваат и други испитувања.
Тоа што е познато досега е дека отпадот потекнува од топење и преработка на акумулаторски батерии.