Инспекторатот за животна средина не утврдил неправилности во цементарница „Титан Усје“
Државниот инспекторат за животна средина изминатата година спровел околу илјада и седумстотини надзори за аерозагадувањето при што покренати се 4 кривични и над триесет прекршочни постапки.
Од инспекторатот не излегоа со имиња ниту кои параметри ги мониторирале ниту кои индустриски капацитети.На новинарско прашање Ивана Гиновска од државниот инспекторат за животна средина и Игор Никоски од Управата за животна средина , велат не биле утврдени неправилности во работењето на цементарницата Усје врз која покрај редовни биле правени и вонредни контроликако и месечни за емисиите во воздухот. Сепак оттаму велат дека не тврадт дека УСЈЕ воопшто не загадува, но за нив не било во ред прстот да биде постојано вперен кон оваа компанијата. За 3 месеци компанијата ќе требало да ја обнови дозволата за работа која содржела построги еколошки критериуми .
Од Зелен Хуман Град и од невладината Стоп за Усје, ги оспорија наодите, Бараат 24 часовен јавен мониторинг. Според нив месечните извештаи не можат да ги покажат аномалиите на компанијата. Прашаа и каде се јавно достапни податоците од дневните мерења на сите 10 оџаци на Усје.
Минатиот месец еко активистите го кренаа гласот. На протест пред УСЈЕ побараа дислокација на цементарницата прашање на кое советниците на град Скопје дадоа зелено светло, а премиерот Мицковски нагласи дека барањето не било спорно.Од Владата и денеска со одговор деке ќе работаат отворено и посветено кон проблемите.
Од Цементарницата тврдат дека не се главни виновници за загадувањето и работаат согласно сите стандарди на ЕУ. Кои ќе бидат натамошните чекори на еколошките организации ќе се одлучува по празниците.

