Инспекциски надзор: Скоро 50 отсто од децата во Скопје се невакцирани

Враќање на заборавените болести во 21век. Се проверуваат вакциналните картони-50отсто од децата од скопските градинки се невакцинирани со дитепер или се нецелосно вакцинирани, а во внатрешноста на државата покриеноста со оваа вакцина е над 95 отсто.

Поразителните резултати ги заострија мерките, од инспекциските служби велат дека нема да прават исклучоци за никого, нема влез за невакцинирани деца во градинските.

Граѓаните со поделени мислења, за тоа дали треба најмалдите да примаат вакцини или не. Дел од родителите загрижени дека некои од децата додека ги примат сите дози ќе мора со месеци да останат дома.

Во текот на оваа недела инспекторатот ќе има информации дали се примаат невакцинирани деца во градинките. Велат за прекршување на мерките предвидена е глоба и за правното лице и за одговорното лице.

Вонредните контроли на здравствениот инспекторат следат по препорака на комисијата за заштита од заразни заболувања и одлука на министерот за здравство со цел да се спречи ширењето на епидемијата со пертусис. Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести.