Иницијативен одбор за вонреден конгрес: ВМРО-ДПМНЕ не е приватна сопственост на Мицкоски, тој ја води партијата во пораз

Не стивнуваат превирањата во опозициската ВМРО-ДПМНЕ и крилото на иницијативниот одбор кој побараа во март да се свика вонреден конгрес за смена на Мицковски.

Лидерот на партијата Мицкоски но и неговите сопартиици и денеска  порачуваат дека нема да има вонреден туку редовен конгрес во ноември а поранешните приврзаници на партијата кои сега како што велат се нарекуваат иницијативен одбор се само послушници и неми набљудувачи на политиките на Заев.

Од иницијативниот одбор и денеска возвратија дека Мицковски пак бега од вонреден конгрес во март, бидејќи како што велат за своите не успеси ќе треба да се соочи со делегатите. Во денешната реакција наведуваат: 

„На ВМРО-ДПМНЕ и треба вонредниот 17-ти конгрес на кој што ќе се преиспитаат политиките водени од Мицкоски овие три години и ќе се зацртаат насоките во кои партијата ќе се врати на победничките патеки.На ВМРО-ДПМНЕ и треба итна промена за да се влезе со нова енергија на локалните избори.Се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски не беше избран од Зоран Заев во Валандово. Тој беше избран од чесни и искрени членови на партијата кои веруваа во неговата агенда. Истите тие членови кои во партијата се подолго од него, сега бараат да им даде отчет за тоа што исполноил од ветеното.“

Превирањата во најголемата опозициска партија траат веќе подолг период но барањата на иницијативниот одбор за смена на Мицкоски особено станаа актуелни по поразот на парламентарните избори.

Мицкоски пак бара нови парламентарни заедно со локалните, но од најголемата опозициска партија велат за сега остануваат на веќе кажаното дека, редовен конгрес партијата ќе има  кон крајот на ноември.