Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров поднесе барање за ревидирање на дуп-от Дексион Јурија
Foto

Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров поднесе барање за ревидирање на дуп-от Дексион Јурија

Иницијативата против како што велат, урбаното дивеење во Ѓорче Петров поднесе барање до градоначалникот Александар Наумоски и советот на општината за ревидирање на деталниот урбанистички план с3 24 – Дексион Јурија.

Во него се бара намалување на катноста на зградите и укинување на одредбата што дозволува висина од 58 метри или 17 ката, да се намали бруто развиената градежна површина која сега изнесува 90.000 квадратни метри и 800 станови, како и да се намали опфатот на градежната површина и да се зголеми површината за зеленило.

Од општината велат дека сега донесениот дуп е изработен согласно плановите од повисоко ниво и решението на новиот план нуди современ концепт за современите потреби на општината.

Протокот на воздух, тврдат дека апсолутно нема да биде спречен, а во просторот значаен дел би одвоен и за зеленило.

0 Коментари

Остави коментари