Иницијатива за конгрес: Мицкоски нема капацитет да ја води партијата
Се заострува реториката меѓу опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Иницијативниот одбор кој бара вонреден конгрес за смена на раководството на партијата и на Мицкоски.
Александар Николовски пак денеска одговарајќи на новинарски прашања, но и на барањата за свикување на вонреден конгрес на иницијаторите, директно обвини дека дел од нив биле во постојана комуникација со Бихаќка.
Ваквите тврдења пак премиерот Заев ги отфрли, како невистинити посочувајќи дека СДСМ не се меша во внатрепартиските работи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
Од Иницијативниот одбор пак денеска во изјава за тв 24 тврдат дека ја имаат поддршката на дури две третини од делегатите и велат конгрес мора да има а на лидерот на партијата Мицкоски му порачуваат да ја прифати реалноста и да не оди како што велат против вољата на делегатите, а доколку е сигурен во реизборот да се соочи со нив.
Превирањата во најголемата опозициска партија деновиве се се поактуелни во јавноста, а пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пак денеска собираше потписи за поддршка на раководството и лидерот на партијата Мицкоски.