Иницијатива “Отворен Балкан” во Охрид не е алтернатива, туку чекор на европеизација на регионот

„Отворен Балкан“ не е алтернатива туку чекор на европеизација на регионот - порачаа лидерите на вториот работен дел од иницијативата во Охрид.

Еврокомесарот Оливер Вархеји беше на средби со македонската влада, а попладнево од Охрид заминува во Софија.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски со доза оптмизам за брзо напредување кон Унијата во разумен временски период.

Неговиот албански колега Еди Рама пак со доза хумор, повика Европа да ја изградиме овде и кога ЕУ ќе сака да направи „свадба“ да бидеме подготвени.