Инфлацијата во мај достигна 4,5%
За една година трошоците за живот зголемени за 4,5 отсто. Најновиот извештај на Државниот завод за статистика покажува дека на месечно ниво инфлацијата е зголемена за 0,9 отсто.
Дека цените во маркетите не престануваат да ги изненадуваат граѓаните потврдуваат инфопрмациите од извештајот кои покажуваат дека трошоците за храна на граѓаните се зголемени за безмалку 4 отсто.
На годишно ниво или споредено мај годинава со истиот месец лани лебот и житарките се поскапи за четири и пол отсто, за два отсто се зголемени трошоците за набавка на месо, за четири отсто пораснати се трошоците за набавјка на јајца, млеко и сирење. А овошјето руши рекорди, и за една година трошоците се зголемени за фантастични 22 отсто. Седум отсто има раст на трошоците за чоколади, џем, мед, останати кондиторски производи.
Податоците од извештајот велат дека транспортот е поскапен за 10 отсто, трошоците за рекреација и култира за нешто на д 5 отсто , а угостителскиот и хотелските услуги за една година пораснале за 8,5 отсто. Од Народната банка веќе сооптија дека очекуваат турбуленциите со инфлацијата да се стабилизираат до крајот на оваа година.
Ваквите податоци за движењето на инфлацијата се во врме кога едно четири члено семејство не може да ги задоволи основните месечни потреби со две минимални плати.