Инфлацијата урива рекорди, статистика измери 19,8 отсто

Цените на храната го истенчија домашниот буџет. Инфлацијата руши рекорди, достигна 19,8 проценти во октомври годинава во споредба со октомври ланиа цените на мало пораснале за 15,4 проценти.

Речиси и да нема нешто што не поскапело. Така трошоците за храна на граѓаната во октомври во однос на октомври лани биле повисоки за  32,4 проценти.  Лебот и житата поскапеле за речиси 48 проценти, млекото, сирењето, јајцата за 40,7, маслото за над 40, месото за 28,6 проценти.

 

ТРОШОЦИ НА ЖИВОТ ОКТОМВРИ ВО ОДНОС НА ОКТОМВРИ ЛАНИ 

ВКУПНО 19.8 %

ХРАНА  32,4 %

ЛЕБ И ЖИТА    47,7 %

МЛЕКО, СИРЕЊЕ ЈАЈЦА  40,7 %

МАСЛО И МАСТИ              40,3 %

МЕСО                                    28,6%

 

Растеле и трошоците на граѓаниете за енергенси. За струја во октомври годинава во однос на октомври лани имале за над 20 проценти повиски сметки, за топлинска енергија над 30, а течните горива поскапеле за речиси 43 проценти.

 

ТРОШОЦИ НА ЖИВОТ ОКТОМВРИ ВО ОДНОС НА ОКТОМВРИ ЛАНИ 

ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА  20,2%

ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА     30,1% 

ТЕЧНИ ГОРИВА                     42,6%

ЦВРСТИ ГОРИВА                   38,5%

 

Синдикалната потрошувачка кошничка  за четиричлено домаќинство која ја мери синдиактот се искачи на 51.514 денари. Во однос на октомври лани, на граѓаните им се потребни плус 17.000 денари да ја наполнат, или речиси плус една минимална плата. Синдиаклциет велат по неуиспешните преговори зсо власта време е пак да излезат на улица.

Статистички трошоците на живот само за еден месец, од септември до октомври годинава се повисоки за 1,4 проценти. Мерено пак првите десет месеци од годинава во однос на истите месеци лани тие пораснале за 13,2, а во октомври во однос на цела 2021 година инфлацијата е  21,5 процент.