Инфлација: Владата нема да ги замрзне цените и маржите. СДСМ обвинува дека се урива стандардот
Тезата на премиерот Христијан Мицкоски дека зголемените плати и пензии направиле раст на инфлацијата е чиста небулоза, вели Фатмир Битиќи од СДСМ. На тој начин премиерот има намера вината за очајната состојба во економијата да ја префрли кај работниците и пензионерите.
Одговорниот за економските политики на опозицијата не се согласува со ставот на власта со овразложение дека трошоците за живот на граѓаните растат со со двојно побрзо темпо од зголемувањето на платите.
Фатмир Битиќи – СДСМ
„Реалната куповна моќ на граѓаните паѓа. Тврдењето дека платите ја туркаат инфлацијата е економски неодржливо. Во јуни кошницата достигна 64.698 денари, а во јули 65.328 денари, што значи дополнителен раст од 1.420 денари за само два месеци.Во април просечната пензија падна на 26.163 денари, во мај беше 26.157, а во јуни едвај се врати на 26.207 денари. Пензионерите и понатаму живеат на граница на егзистенција.“
По попвеќе од три месеци како премиерот и владата ја чекаа анализата на Државниот пазарен инспекторат за движењето на цените од која требаше да зависи со какви мерки ќе настапи владата, денеска премиерот Мицкоски вели дека е подготвен да плати политичка цена, но во одбрана на граѓаните на долг рок, повторно да не доживуваат ценовни шокови. Тоа значи дека нови мерки како замрзнување на цените или слични интервенции во пазарната економија неме да се случат од страна на централната власт.
Христијан Мицкоски премиер
„Свесни сме дека откако го лоциравме проблемот од каде е, свесни сме дека тоа можеби и ќе има политичка цена и тука нема никаква дилема. Но подобро мна краток рок да ја платиме таа политичка цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет, на долг рок. “
Дека постојат ризици од зголемувањето на платите и пензиите меѓународните финансиски институции ја предупредија владата дека ќе има раст на инфлацијата уште пред да ги покачи социјалните трансфери во јавниот сектор и на пензионерите линеарно да им ги зголеми пензиите. Експертите се на став дека не се потребни стари мерки кои не даваат ефекти на краток рок. Инфлацијата мора да се регулира преку потези на монетарната и фискалната политика.

