Инфлација од 4,8 отсто измерена во мај
Стапката на инфлација во мај изнесува 4,8 отсто споредено со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Индексот на цените на мало во истиот период бележи зголемување од 5.6 отсто.
На месечна основа, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај изнесува 0.6 отсто, а најголемото зголемување е кај транспортот и храната.
„Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 1.6 отсто, облека и обувки, храна и безалкохолни пијалаци за 1.0 отсто, рекреација, спорт и култура за 0.9 отсто, информации и комуникации за 0.7 отсто, ресторани и услуги за сместување за 0.5 отсто, здравствена заштита, домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0.1 отсто“, соопшти ДЗС.

