Инфлација и мерки
Цените засега мирни, но инспекциите се на терен. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, уверува дека економијата во април и мај останала стабилна, без значајни ценовни шокови во маркетите.
Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, инфлација во април нема, а во однос на март, се зголемила за само 0,6%.
Иако нема алармантни појави, министерот најавува редовни и вонредни инспекции кај производителите, дистрибутерите и трговците. Извештајот од контролите се очекува до крајот на месецот, а врз основа на него ќе се процени дали ќе се активираат нови мерки. Дурмиши најавува измени во правилниците, со кои пазарните инспектори ќе можат да ги казнуваат и продавачите на зелените пазари, ако кај нив се утврди нереално зголемување на цените.
И покрај ова, граѓаните постојано алармираат за зголемени цени во маркетите. Дали институциите ќе реагираат со нови ограничувања ќе зависи од следните денови и резултатите од пазарните контроли.
Доколку се утврдат прекршувања, министерството не ја исклучува можноста за повторно ограничување на маржите, зголемување на постојните лимити или проширување на листата на производи. Целта, велат од институциите, останува иста, заштита на стандардот и стабилност на цените.