Инфантино: Мораме да се обединиме во борбата против расизмот

„Во фудбалот има проблеми“, изјави претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, повикувајќи на единство во борбата против расизмот и насилството.

Првиот човек на ФИФА во обраќањето на Конгресот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (Конмебол) во Асунсион нагласи дека „мораме да бидеме обединети против расизмот и насилството што постојат во светот“.

„Мора да бидеме обединети во борбата против расизмот. Винисиус и другите играчи страдаат од тоа. Нападите против нив немаат причина да постојат. Мора да бидеме обединети против насилството што постои во светот“, изјави Инфантино.

„Мораме да дејствуваме со влади, тимови, играчи. Одењето на стадион мора да биде празник“, додаде првиот човек на ФИФА.

Голем број фудбалски натпревари, особено во Европа, беа прекинати во последните недели поради расистички немири на трибините. Бразилскиот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус, кој неодамна се расплака додека зборуваше на прес-конференција за борбата против дискриминацијата, често е мета на расистички навреди.