Индустриското во февруари со раст од 3,5 отсто, најсилен во рударството и преработувачкиот сектор
Foto

Индустриското во февруари со раст од 3,5 отсто, најсилен во рударството и преработувачкиот сектор

Индустриското производство во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, бележи раст од 3,5 отсто, а за двата месеца од годинава, во односна јануари и февруари минатата година растот е 1,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, бележи пораст од 7,7 отсто, во секторот  Преработувачка индустрија бележи пораст од 6,6 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 13,3 отсто.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство одделот за производство на пијалаци, на тутунски производи, текстил, облека, хемикалии и хемиски производи, основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на производи од гума и производи од пластични маси, производство на метали, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.

 

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,1 отсто, капитални производи за 10,4 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 6,4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за седум отсто, додека опаѓање бележи кај енергија за 7,8 отсто.

0 Коментари

Остави коментари