Индустријата во криза: во мај забележа пад на производството од 27 отсто
Foto

Индустријата во криза: во мај забележа пад на производството од 27 отсто

Индустриското производство во мај годинава забележа пад од 27 отсто во однос на мај лани, а од почетокот на годинава до мај во однос на тој период минатата година намалување од 14,4 отсто.

Според  Државниот завод за статистика, гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење камен“ во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање од 4,3 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ бележи опаѓање од 32,1 отсто, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 14,6 отсто.

Намалувањето во секторот „преработувачка индустрија“ е резултат на намаленото производство во скоросите сектори.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање кај „енергија“ за 9,2 отсто,  „интермедијарни производи, освен енергија“ за 22,5 отсто „капитални производи“ за 47 отсто, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 48,8 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 22,3 отсто.

0 Коментари

Остави коментари