Индустијата конечно во плус, но работници се помалку!

Помалку работници во индустријата, но поголемо индустриско производство на годишно ниво. Последниот извештај на Државниот завод за статистика покажува дека на годишно ниво производствот во индустријата бележи раст од три отсто. Но, во поголемите и позначајните сектори производството е во минус. Според податоците намалено е производството во секторот Рударство и вадење камен од 6,2 отсто како и во секторот,  Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.3 %. Позитивни се резултатите во Преработувачката индустрија каде има раст од 4,3 отсто. 

ДЗС: „Според главните индустриски групи, производството во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.0 %, Капитални производи за 8.4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 2.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7.8 %“, стои во извештајот.

Што се однесува до бројот на работниците во индустријата, во анализираниот период може да се забележи дека тој е намален за 2.8 %. Податоците откриваат дека бројот на работниците  во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.9 %, во секторот а во Преработувачка индустрија за 2.8 %, зголемување има  во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %.

ДЗС: „Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2026 година, во однос на март 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2.1 %, Капитални производи за 3.6 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.4 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1.0 %.“ се наведува во извештајот

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – март 2026 година, во однос на периодот јануари – март 2025 година, изнесува 97.7. Бројот на работниците во периодот јануари – март 2026 во однос на периодот јануари – март 2025 се намалил за 3.3 %.