Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ќе ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава.
По церемонија во Кабинетот на претседателката, ќе следи тет-а-тет средба, пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на претседателките.
Индиската претседателка пристигна во Скопје синоќа, а на Скопскиот аеродром ја пречека шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.
- Во рамките на посетата се предвидени повеќе средби и активности. Очекувам тие да ги потврдат одличните билатерални односи и да дадат нов поттик за натамошно унапредување на политичката и економската соработка меѓу двете земји, напиша Муцунски на Фејсбук.

