Индијана го совлада Њујорк и обезбеди „мајсторка“ во НБА лигата
Кошаркарите на Индијана пејсерс обезбедија мајсторка во полуфиналната серија од плеј-офот во Источната конференција во НБА лигата откако синоќа на домашен терен во шестиот натпревар славеа со 116-103 и израмнија на 3-3 против Њујорк никс.
Паскал Сиакам со 25 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените кои макат мачат со повреди овој плеј-оф најефикасен на овој меч беше повторно Џејлен Брансон со 31 поен.