Инциденти на Деве Баир, приведени три лица

Македонската полиција на граничниот премин Деве Баир го приведе пратеникот од Бугарија Ангел Георгиев од партијата Преродба.

Инцидент кој резултираше со апсење на тројца бугарски државјани бугарскиот политичар во живо го пренесуваше на социјалните мрежи. На видеото се гледа дека бугарските државјани им дофрлуваат на полицајците, а потоа и се втурнуваат кон нив по што полицајците се обидуваат да ги оддалечат од зградата на граничниот премин и доаѓа до буткање.

На овој граничен премин требаше да направат влез учесниците на кордонот во Македонија кој според агендата планирале да дојдат во Скопје и оддадат почит на револуционерот Гоце делчев по повод одбележувањето на 151 година од неговото раѓање.

Од раните утрински часови па до напладне границата беше блокирана и се пропуштаа никакви возила за влез и излез од Македонија осввен за итни случаи, причината бела како што потврдија од Министерствот за внатрешни работи за медиумите станувало збор за паѓање на контролниот систем. Повеќечасовното чекање ја вжести атмоферата од другата страна на границата кои упатуваа навредливи зборови кон македонската полиција.

На денешната ситуација реагираше и европратеникот од Бугарија Џамбаски.

По повторното профункционирање на контролниот систем кај пограничниот појас реагираа дел од бугарските активисти со обвинување кон македонските власти дека оние кои биле присутни на чествувањето на Мара Бунева на скопскиот Кеј на 14 јануари биле ставени на некаква црна листа.

- Пред малку полицајците ми ја зедоа личната карта и колку што знам сите кои доаѓале на чествувањето на Мара Бунева сега нема да не пуштат Зошто?

- Можеше да биде подобро бидејќи ние сакаме заедно да бидеме. Во принцип посакуваме Македонија да биде во Европската Унија а ваквите случување и прават услуга на партиите во Бугарија кои се лоши партии.

Првиот човек на внатрешни работи и јавен ред во Бугарија вели ќе го реши проблемот на границата со донација.

- За да нема вакви слични проблеми во идниниа ние од министерството за внатрешни ќе донираме три генератора во Понеделник - изјави Иван Демерџиев министер за внатрешни на Бугарија.

Генерално одбележувањето на 151 годишнината од раѓањето на великанот гоце Делчев помина без поголеми инциденти.