Инцидент: Повредените надвор од животна опасност, еден пуштен на домашно лекување

Двајца од повредените, меѓу кои е и 14 годишното дете,  во тепачката со ножеви која синоќа се случи во скопски Чаир, се здобиле со тешки телесни повреди и се под лекарски надзор во Клиниката за торакална хирургија. Tретиот пациент  е пуштен на домашно лекување. 

Од Ургентен центар за ТВ 24 велат дека двајцата пациенти кои се задржани на болничко лекување се со убодни рани и повреди во градниот кош. 18 годишникот кој е пуштен дома се здобил со телесни повреди во левата шака и абдоменот.

Највозрасниот пациент, донесен во возило на итна помош,  е со повреда на градниот кош и левата надлактица и тешки телесни повреди и истиот е примен на Клиниката за торакална хирургија. 18 годишниот пациент кој исто така е донесен со визило на итна помош, примен е со повреда на абдомен и лева шака и телесни повреди. Третиот пациент кој е префрлен од Св. Наум Охридски на Клиниката за торакална донесен е со убодни рани и тешки телесни повреди.

Од МВР, пак објаснуваат дека до тепачката дошло по претходно недоразбирање. Велат дека веднаш по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави

На 17.06.2025 во 19.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Цветан Димов" со ул.„Џон Кенеди" во Скопје, по претходно недоразбирање, настанала физичка пресметка помеѓу 14-годишник од Скопје и Р.С.(64) и Б.С.(18), двајцата од Скопје, при што биле употребени ножеви. Увид бил извршен и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави

Крвавата тепачка која резултираше со тројца повредени се случила доцна попладне на крстосницата меѓу булеварите „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ во Скопје.