Ин мемориам: Почина актерот Кирил Поп Христов - Кили

Актерот Кирил Поп Христов, познат како Кили, почина на 58-годишна возраст.

Тој живееше во Еквадор во 2014 година со сопругата и ќерката, а како што објави неговата сопруга кореографката Гордана Деан-Поп Христова на социјалните мрежи, починал таму од инфаркт, во сон.

 

Поп Христов е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година. Од 1993 година работел во Македонски народен театар во Скопје.

Познат е по улогите во Тетовирање, Македонска Сага, Пикасо и Трст виа Скопје. Освен по театарските улоги, Кили е познат по извонредната музичка дарба, а беше и еден од легендарните скопски ликови кој ќе остане во спомените на многумина.