Имобиле го помина Левандовски и е на +4 гола пред Роналдо во трка за „Златна топка“
Foto

Имобиле го помина Левандовски и е на +4 гола пред Роналдо во трка за „Златна топка“

Фудбалерот на Лацио, Чиро Имобиле постигна еден гол на синоќешниот дуел со Бреша и ја зголеми предноста пред Кристијано Роналдо од Јувентус на врвот на листата на стрелците во Серија А.

Имобиле сега има 35 погодоци, додека Португалецот кој не успеа синоќа да реализира остана на 31.

Воедно, Имобиле го престигна напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски во трката за „Златната копачка“.

Во последното коло од сезоната 2019/20, екипата на Роналдо ќе игра на домашен терен со Рома, додека Лацио на Имобиле ќе се соочи со Наполи.

 

0 Коментари

Остави коментари