Има ли заштита од опасните игри?
Foto

Има ли заштита од опасните игри?

Во вируелниот свет првично не се знае кој е изворот кој може да поттикне девијантни појави кај децата, но надлежните не смеат да се откажат од истрага што ги поттикнало младите ботолчани да се самоповредат. Ова го коментираат познавачите по инцидентот со неколку битолски основци кои посегнаа по самоповредување, наводно поттикнати од виртуелните ликови „Синиот Кит“ и „Момо“

„Овие две игри не се нешто ново постојат повеќе години. Имаше пишувања за нив во светските медиуми, меѓутоа до сега се нема појавено доказ дека тие навистина постојат и дека тие натерале некого на самоповредување или да повреди некој друг“ - изјави Горан Ризаов,од Фондацијата Метаморфозис.

„Кога беше фамата на глобално ниво за Синиот кит се испостави дека фамата е од Русија. Но за Момо се испостави дека е некоја скулптура од Јапонија, таа е застрашувачка и самиот лик на скулптурата е искористен за креирање на такви застрашувачки содржини спрема децата. Кој ги креира? На европско ниво е докажано дека децата сами си ги креираат урбаните ликови за децата да заплашат деца и тоа се вметнува во видео клипови и тоа се шири. Можно е и кај нас, тоа е дигитално се размножува брзо. Ликот на Момо го имаме многу. Меѓутоа кој ги креира тие содржини истрагата треба да покаже.“ - вели Виолета Георгиевска, Интернет Хотлајн Провајдер Македонија.

Георгиевска се сеќава на случај пред некоја година за кој слушнала, дека младите во земјава се качувале на возови да направат селфи, а предизвикот бил кој ќе биде похрабар и кој ќе направи селфи на понебезбедно место. И експертите и надлежните сепак упатија апел до родителите - да бидат повнимателни што гледаат нивните деца на интеренет.

„Родителите доколку забележат некое однесување кај своите деца кое не е во согласност нормите и правилата да побараат помош, да се обратат до Центарот за социјални работи, до Центар за ментално здравје или кај матичните педијатри со цел да се онбезбеди помош и поддршка за децата. Воедно стручните служби во училиштата доколку заприметат билокакво однесување да ги информираат родителите.“ - Јана Зенговска, Прва детска амбасада „Меѓаши“.

Познавачите апелираат МВР брзо да ги открие причините кои ги навеле малолетниците да се самоповредуваат, за да не се создава паника.

0 Коментари

Остави коментари