Има ли покачување на цените на прехрамбените производи по престанокот на загарантираните цени?!

Контролите на Државниот пазарен инспекторат деновиве покажале покачување на цените на некои производи но кај некои останале исти.

Од таму велат дека клучно е да се донесе законот за нефер трговски практики, и потенцираат дека како институција немаат надлежности врз формирањето на пазарната цена.

Во повеќе наврати потенциравме дека како институција немаме надлежност да влијаеме врз формирањето на пазарната цена, која е исклучиво слободна волја на трговците. Граѓаните ги охрабруваме и понатаму да пријавуваат неправилности во ДПИ. Она што понатаму ќе контролираме во маркетите е дали се придржуваат до одредбите од Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, односно ќе утврдуваме дали соодветно се води трговска евиденција, дали потрошувачите се евентуално доведени во заблуда (една цена на рафт, друга на каса, реалност на попустите, и сл.).“ - велат од ДПИ.

Претходно, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи рече дека секое нелогично зголемување на производите, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано. 

Од Организацијата на потрошувачи претходно рекоа дека Владата требаше да го почека Законот за нефер трговски практики па потоа да ги укинува гарантираните цени, апелираат граѓаните доколку утврдат неправилности да ги пријават во Организацијата и во Државниот пазарен инспекторат.