Има ли план за спас од високите цени
Додека владата крои план за спас од високите цени – граѓаните се жалат дека цените се високи во однос на примањата. Најголеми забелешки имаат во делот на овошјето. Велат пазарат онолку колку што им дозволува буџетот но се ѓалат дека цените го надминуваат стандардот на македонскиот граѓанин.
По пазарите раздвижено. Со дел од трговците со кои поразговаравме велат дека разбирливо е граѓаните да се жалат но потенцираат дека земјоделството не е излог кој би се разубавувал туку поле кое бара многу внимание и труд за да се добие крајниот произовд и да се постави на тезга.
Како трговци велат цените ги прилагодуваат но и тие велат дека зголемување има кај овошјето на што граѓаните најмногу реагираат. Потенцираат дека, добро е што се враќа интересот кај младите за земјоделството.
И додека граѓаните се жалат на високите цени, премиерот Христијан Мицкоски вчера подвлече дека ја следат состојбата со цените и дека дека ќе се реагира ако има непринципиелни практики кај трговците.
Конкретен став за евентуалните мерки ќе се формираат откако на владина седница ќе се разгледа извештајот на Државниот пазарен инспекторат.