Има ли директор во штипската библиотека?

Остана ли штипската библиотека без директор?! Од Левица-Штип тврдат дека вработените се во неизвесност кој ќе им потпише плата и велат дека во две недели, двајца директори на Националната Установа Универзитетска библиотека “Гоце Делчев“ - Штип си дале оставки. 

„Доскорашниот директор Јамаковски од СДСМ, си поднесе оставка на крајот на ноември годинава, а пред 6 дена, од Љутков беше назначена Ивана Стојанова, исто така, член на СДС, која под итно се предомислила и си дала оставка пред два дена. Фактот што во време на апсолутна власт на Дпмне треба да биде поставен директор од редовите на Сдсм, влијаело Стојанова по брза постапка да се предомисли и после 4 дневно директорување си дала итна оставка!“ - Левица.

Министерот Љутков пак ја демантира ваквата вест и во телефонски разговор за ТВ 24 истакна дека ситуацијата воопшто не е загрижувачка, но и дека работењето на штипската Национална Установа Универзитетска Библиотека “Гоце Делчев“се одвива нормално.

„Од новоназначената вршител на должност, Ивана Стојанова беше најавено дека има здравствени проблеми, но сè уште нема стигнато допис до Министерството за нејзина оставка. Доколку во меѓувреме стигне таков допис тогаш ќе бидат запазени процедурите и веднаш ќе биде назначено ново лице на оваа функција.” - министерство за култура.

Инаку, во штипската библиотека за три години се променија вкупно четири директори. Имено, на почетокот на 2022 функцијата директор ја извршуваше Тодор Џидров. Од септември 2022-та со оваа институција раководеше Билјана Миладинова, а во мај 2023 година за в.д. директорка беше назначена Ивана Стојанова. Лани во ноември пак, на директорското столче седна Тамер Јамаковски и истиот си поднесе оставка на крајот на ноември годинава, а пред 6 дена, од ресорниот министер беше назначена повторно Ивана Стојанова, која засега останува енигма дали навистина се предомислила и си дала оставка пред два дена?!