Има интерес кај учениците туризам и угостителство, но потоа си одат од државата

Расте бројот на запишани ученици во угостителското училиште во Охрид, но проблемот со дефицитот на кадар е се поприсутен. Не е во прашање дали младите се интересираат за оваа гранка туку како да ги задржиме дома бидејќи тие доаѓаат се запишуваат и средно угостителстко и факултет за туризам но по завршувањето на образованието,  вработување бараат надвор, најчесто во земјите од ЕУ велат од професорската фела.

Но она што особено изненадува е дека и државите кои се во ЕУ го имаат истиот проблем. Професорката Славица Штерк од Словенија вели дека и кај нив има дефицит на кадар во угоститетлство, според неа причината е во ниските плати како и недоволното вреднување и почит кон оваа професија.Се уште постојат стереотипите дека келнер и готвач може да биде секој.

,, Моментално состојбата во угостителството и туризмот во Словенија е во критична состојба. Мислам дека најголемиот проблем е во тоа што не се почитува овој занает, затоа што кај нас секој работи во угостителство како дополителна работа, студентска работа и сл што јас мислам дека не е добро. Затоа што ако би можеле сите да го работиме тоа тогаш нема да постојат училишта.Струката си е струка и секогаш ќе си остане како таква. Решението е добро да се плаќа оваа професија и повеќе да се почитува, тогаш нема да го имаме овој проблем со недостигот на кадар."- Славица Штерк професор од Словенија.

Според информациите на ХОТАМ, во Охрид и Струга има недостиг од над 1000 работници во секторот.Оттаму велат дека во сезона се моќни да понудат плата од 1000 евра но проблемот се јавува од октомври до мај кога се немоќни да ги покријат основните трошоци,