Има или не брутално насилство врз десетмесечно бебе во гевгелиска градинка?
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во гевгелиска градинка имало брутално насилство врз десетмеечно бебе, а првиот човек на градинаката сакала да го забоштои случајот. Како што подвлече пратеничката Ангелина Митева бебето со тешки повреди завршило го гевгелиската болница.
Директорот на гевгелиската болница Димитар Крџев потврди завчера било примено десетмесечно бебе на преглед кај кое биле констаториани лесни повреди
Првиот човек на градинката Цветови во Гевгелија Елизабета Стефаноска ни изјави дететето се здобило со лесни повреди во игра со други деца за што биле запознаени и неговите родители.
„Кај детето нема тешки телесни повреди. Детето е повредено во игра со други деца. Нема насилство од било кој вработен врз детето. За случајот е информирано и МТСП а од правен аспект отворена е постапка,, ни изјави директорката Стефановска
Од министерството за труд и социјална политика соопштија дека биле информирани за случајот и најавија дека во градинката ќе се спроведе вонреден инспекциски надзор со што ќе се утврди фактичката состојба за настанот.
Настанот денеска е регистриран и во полицијата каде родителот на детето пријавил дека вработените во градинката ја запоставиле својата должност и ја оставиле неговата 10 месечна ќерка без надзор кога се здобила со повреди.