Илхан Ќучук: Ако сега кажеме не, ги затвораме вратите

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, бугарскиот либерал, Илхан Ќучук, очекува до крајот на декември сепак да се одржи првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија.

Тој во интервју за независен весник не гледа јасна бугарска позиција дека ќе се блокира Македонија, порачувајќи дека е важно прво да се донесе одлука за преговорите, а потоа да следи процес на решавање на отворените прашања. За некои прашања, смета тој, се потребни пет шест години за решавање и ако сега се рече не, па и да, нема да има развој во односите.

Според него, во овој билатерален спор нема улога за Брисел и ниту Македонија ниту Бугарија имаат интерес тој да се интернационализира и да се вмеша некој како трет како арбитер.