Илире Даути се уште не поднесла оставка - за Гаши работата е завршена со изгласувањето на интерпелацијата

Илире Даути се уште не поднела официјален документ за оставка, а собранискиот спикер Гаши тврди дека по гласањто за  нејзината интерпелација неговата работа е завршена.

Во краткиот официјален допис до медиумите наведува:

- Важно е да се напомене дека интерпелацијата, по својата природа, не носи правни последици или ефекти. Мојата улога како Претседател заврши по завршувањето на процесот на интерпелација, како во случајот на интерпелацијата која беше поднесена против мене . Прашањата како што се разрешувања или оставки се процедури на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пратеничките групи или пратениците. До денес, не сум добил официјално известување за оставка од ниту еден претседател на Комисија. 

Во меѓувреме претседателот на комисијата за избори и именувања Ѓорги Сајковски вели дека не добил никаков запис од заклучоците на седницата на која беше изгласана недовербата на Илире Даути, a пак од ВМРО-ДПМНЕ и денеска со порака дека ова е завршена работа и побараа  албанската опозиција  да си достави нов предлог .

Според член 51 став 4 од Деловникот, ако Собранието ја прифати интерпелацијата на носител на јавна функција, донесува заклучок во кој се изнесува ставот во врска со наводите на интерпелацијата.

Во случајот со Даути е донесен заклучок дека наводите од предлогот за интерпелација се основани. Во самиот заклучок се тврди дека Даути работела незаконски  и го прекршила уставот и деловникот. Сепка изрично Деловникот не нуди опции што понатаму.

 И додека јавноста и натаму е во исчекување истовремено се доведува и во заблуда откако вчера и Меџити и Села порачуваа дека Даути ќе остане на функцијата бидејќи интерпелацијата не била правно обврзувачка а пак самата Даути и во своите јавни настапи и во соопштенијата  укажуваше дека не сака да работи под диктати на Левица и дека ја одбира слободата да делува ко пратеник иако не изнесе официјален став дали си поднесува оставка или не. 

 Ова е прв пат во историјата да се изгласа интерпелација на претседател на собраниска комисија што ја отвори повторно Пандорината кутија на различни толкувања на деловникот не само меѓу власта и опозицијата туку и во редовите на самите владини коалициски партнери откако Гаши потенцираше дека интерпелацијата не е правно обврзувачка додека ЗНАМ и ВМРО ДПМНЕ бараа Даути да си замине и албанскиот опозициски блок час поскоро да излезе со нов предлог. Иако од Европскиот фронт најавуваа вторник или среда поконкретно да дискутираат за оваа тема како коалициски партнери сепак ниту денеска не излегоа со нови и официјални информации.