Илире Даути поднесе оставка до Собранието

Пратеничката и претседателка на Комисијата за социјална политика, Илире Даути денеска поднесе оставка до Собранието.  Ова следува откако во петокот, од страна на пратениците и беше изгласана интерпелацијата како претседател на Комисијата.

Иако бараше 15 минути на говорница да ја образложи својата оставка, сепак претседателот на Собранието, Африм Гаши не и дозволи. По ова настана расправија меѓу пратениците.