Илире Даути конечно поднесе оставка, Собранието ја прифати

Илире Даути денеска и официјално си поднесе оставка од функцијата претседател на комисијата за социјална политика.

Најпрвин писмено за тоа го известила и собранискиот спикер Гаши а потоа и на пленарната седница бараше да и биде констатирана оставката. Гаши на почетокот не дозволи со образложение дека тоа треба да го стори на следната пленарна седница но по инсистирање на Европскиот фронт кои ја узурпираа говорницата беше принуден да даде пауза. 

Сепак по продолжението на седницата Даути ја образложи својата оставка а за време на нејзиниот говор салата ја напуштија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ, а Гаши мораше да ја констатира оставката. 

Од Левица пак кои беа подносители на иницијативата за интерпелација ја поздравија ваквата одлука. Од Европскиот фронт пак посочија дека ќе ја почитуваат одлуката на Илире Даути но и остро го осудија обидот на Гаши кој на почетокот не и дозволуваше да ја образложи својата оставка.

За сега претседателското место на комисијата за социјална политика останува непополнето а од Европскиот фронт посочија дека штом ќе излезат со нов предлог ќе информираат.