Илијевски за ТВ 24: Вучиќ го прифатил Договорот, а не смее тоа јавно да го признае
Претседателот на Партијата на Македонците во Србија Горан Илијевски во емисијата 24 Отворено рече дека Вучиќ сам се довел во ваква позиција и од оваа позиција тешко ќе излезе.
- Точно е дека една слика дава во Србија, а друга надвор. Прочитан е од академската јавност во Србија. Договор е договор, правиме анекс на Договорот со точки. Тој го прифатил Договорот, а не смее да го признае во јавноста. Никој во Србија не смее да потпише договор со кој губи територија. Вучиќ сака да извеле подобри услови за српското малцинство на Косово. - рече Илијевски.