Илија Несторовски донесе победа за Удинезе против Фиорентина
Foto

Илија Несторовски донесе победа за Удинезе против Фиорентина

Екипата на Удинезе со голот на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски триумфираше попладнево на домашен терен над Фиорентина со 1:0 во рамки на 24 коло во Серија А.

Несторовски, кој го одигра целиот натпревар, му донесе победа на својот тим со прецизен удар со глава во 86 минута.

За Несторовски ова е втор гол сезонава во италијанското првенство сезонава, откако македонскиот напаѓач беше прецизен и на 12 декември, во триумфот над Торино од 3:2.

Удинезе со ефект од седум победи, десет порази и седум нерешени натпревари во моментов е на 12 место на табелата со 28 бодови, а во следното коло тимот на Несторовски му гостува на Милан.

0 Коментари

Остави коментари