Илиевски: Обвинителството и ДКСК да го испитаат случајот со земјиштето во Центар што го добил Јанушев на подарок

СДСМ бара од ДКСК и Јавното обвинителство да го истражат случајот со подарокот што генсекот на Владата, Игор Јанушев го добил во вид на градежно земјиште. Најголемата опозициска партија го обвинува членот на ВМРО-ДПМНЕ дека е, како што велат, еклатантен пример на вечен криминалец во политиката.

- Човекот кој беше осуден за 5 милионски криминал во ЈСП,  денес е прв човек во Владата после Мицкоски. И што може да се очекува од осуден криминалец освен да продолжи онаму каде што застанал. Граѓаните се во шок и неверување од последната информација која ја споделија медимите, а тоа е дека Јанушев, замислете, добил на поклон градежно земјиште во сред Центар во вредност до 325.000 евра. Вакво перверзно легализирање на криминално стекнати пари досега не е забележано во македонската политика. Ова е за златен медал, рече Менде Илиевски, советник на СДСМ во Советот на Општина Битола.