Илиевски: Изградба на фудбалски стадион во Куманово е приоритет
Foto

Илиевски: Изградба на фудбалски стадион во Куманово е приоритет

„Нашата програма е поделена во макро сегмент и микро сегмент (секоја населба пооделно). Извршивме анкетирање и ги знаеме сите проблеми, дел ги ставивме во програмата. Главен проект е подземни сообраќајници и паркинзи под земја, а ќе се добие и модерен плоштад. Изградба на фудбалски стадион во Куманово е приоритет, град од 120.000 жители треба да има клуб барем во втората фудбалска лига. Уште две катни гаражи треба да го решат сообраќајниот метеж, да се ослободи градското подрачје. Треба да се направи ГУП кој во Куманово го нема 20 години. Во нашиот мандат ќе направиме ГУП, сега нема сообраќаен елаборат. Планираме проширување на уште две сообраќајници во централното градско подрачје“ - вели Оливер Илиевски, коалиција „Најдоброто за мојата општина“, предводена од СДСМ во Студио 10 на ТВ24.

 

0 Коментари

Остави коментари