Илегални преминувања на мигранти на македонско грчката граница
Девет мигранти од Сирија се откриени на патот Валандово Струмица откако патничко моторно возило ауди со скопски регистарски ознаки излетало од патот. Возачот побегнал а мигрантите се префрлени во Прифатниот центар Винојуг во Гевгелија.
Ова е еден од последните случи на обид за криумчарење мигранти во Југоистокот кој и понтаму останува еден од регионите најизложен за пренесување мигранти од македонско грчката граница. Според МВР заклучно со ноември минатата година биле регистрирани 18 илјади обиди за илегално преминување на македонско грчката граница
,,До крајот на ноември спречени се околу 18.000 обиди за илегално преминување на границите или речиси 10 илјади обиди помалку во споредба со истиот период 2020. Речиси 90% од нив се откриени на јужната граница. Најголем дел од откриените мигранти се од Пакистан, Авганистан, Сирија, Индија, Бангладеш. Како логична последица на тоа е и трендот на намалување за повеќе од 60% на откриените случаи на криумчарење мигранти,, соопштија од МВР
За истиот период минатата година МВР има поднесено 36 кривични пријави против 57 сторители кои вршеле криумчарење мигранти додека 12 сторители ќе одговораат за кривично дело ,, организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење мигранти.
И ова година во рамките на заедничката операција за засилен надзор на јужната граница ќе партиципираат полициски службеници од Хрватска, Србија, Словенија, Австрија Шечка, Полска Унгарија и Словачка. Тие заедно со припадниците на македонската гранична полиција ќе ги спречуваат обидите за илегален влез на мигранти од Грција во земјава но и ќе откриваат случаи на криумчарење мигранти на македонска територија.