ИЈЗ: Ниту еден од вработените не е позитивен на КОВИД 19
Foto

ИЈЗ: Ниту еден од вработените не е позитивен на КОВИД 19

Во Институтот за јавно здравје ниту еден од вработените не е позитивен на Ковид 19, информираат од институцијата.

Епидемиолошките екипи и натаму ја извршуваат својата работа како и во изминатите два месеца. Ова е официјална информација од Институтот за јавно здравје потврдена од директорот на институцијата Шабан Мемети и јавноста треба да биде информирана, се наведува во соопштението.

Од Институтот посочуваат дека официјалните информации за состојбата со Ковид 19  се објавуваат на интернет страницата на институцијата и на страницата на Министерство за здравство. 

0 Коментари

Остави коментари