ИЈЗ: 30 Насто од смртните случаи се последица од аерозагадувањето
Foto

ИЈЗ: 30 Насто од смртните случаи се последица од аерозагадувањето

Дваесет до триесет отсто од вкупните смртни случаи во Македонија се резултат на аерозагадувањето. Само во Скопје годишно умираат околу илјада и двесте граѓани, покажуваат податоците од ИЈЗ. Алармантните статисики се индикатор дека проблемот не се решава системски, потенцираат здравствените експерти. 

„Животниот век ни е скратен. Овие луѓе кои што умреле, од прилика околу 20-тина до 30тина години порано умреле отколку што кога дне би било аерозагадувањето и конечно менталното здравје, самата психоза што ја имаат луѓето, се плашат да не заболат, е веќе болест. Ние сега сме среќни ако не заболиме. Ако не заболиме денес ќе заболиме утре. Сите ние сме изложени на токсични материи кои што зависно од тој кој каков имунитет има порано или подоцна ако не се преземе нешто ќе манифестираме овој тип на болести, значи прилично сериозна е состојбата.“ - вели Проф. Д-р Драган Ѓорѓев – Институт за јавно здравје.

Граѓаните револтирани. Велат во недостаток на ефективни мерки од надлежните, им останува само да се молат ветерот да го расчисти загадениот воздух. Македонија е загадена, но и толерантна во прагот на алармирање. Вонредните мерки стапуваат на сила кога мерните станици ќе ја надминат бројката од 200ПМ10 на метар кубен и тоа во два последователни дена. Здраствените експерти велат дека мерки се потребни во текот на целата година, а состојбата каква што е сега не гарантира дека во догледно време ќе имаме ниски концентрации за алармот да може да не спаси.

„Како да не се прават системски мерки и еве сега повторно дојдовме во грејна сезона, повторно почнуваме да зборуваме за план, тој план не може да се спроведе преку ноќ, чим не се прави преку година системски не очекувајте дека може да кажеме дека имаме успех. Нешто крупно што ќе ги спушти концентрациите во вака неповолни услови во кои што живееме не гледам дека се прави“.- вели Проф. Д-р Драган Ѓорѓев – Институт за јавно здравје.

Според последните извештаи на СЗО Скопје Тетово и Битола се најдоа меѓу десетте најзагадени градови во Европа.

0 Коментари

Остави коментари