Игор Стефановски Иџе го донесе пехарот во Видеолотарија касинос Австрија

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе годинава третпат стана Европски првак во автомобилизам, а пехарот гордо го претстави со тимот кој веруваше во неговиот потенцијал, цели девет години. Стефановски беше европски првак во оваа конкуренција и во 2014 и 2015 година.

Видеолотарија Касинос Австрија скоро од почетокот на своето постоење, секоја година без исклучок го поддржува автомобилскиот ас во неговите шампионски амбиции.

„Благодарен сум на поддршката на Видеолотарија Касинос Австрија, која со години го препознава и поддржува мојот потенцијал. Мојот успех се должи и на нивната безрезервна поддршка“, изјави Стефаноски.

Светската автомобилистичка федерација им ги додели наградите на најуспешните возачи во своите категории во ридско-брзински патеки на почетокот од месецов на церемонија во организација на ФИА. Иџе ја освои европската титула во „Групата 3“ во ридско-брзинските патеки. Наградите се доделија во португалскиот град Брага.