Игор Јуриќ во Скопје со порака: Ако не преземете за случајот Вања, имате голем проблем како општество
Игор Јуриќ, чија ќерка Тијана беше убена на сличен начин како Вања Ѓорчевска, денеска дојде во Скопје на Регионална конференција за заканите во регионот. Тој во изјава за ТВ 24 емотивно се потсети за личната загуба која вели беше поттик за носење на таканаречениот закон на Тијана, со кој се воведе доживотен затвор за најтешките кривични дела. Порача дека случајот со Вања е аларма за итни чекори во заштитата и законодавството.

