Игор Филков за правда и Горан Минчев за јавна администрација – кандидати на ЗНАМ за министри во новата влада

Игор Филков е кандидат на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија за министер за правда, а Горан Минчев кандидат за министер за јавна администрација. Имињата за членови на новата влада од партијата на Максим Димитриевски биле утврдени едногласно на седница на партискиот Централен одбор, каде што била усвоена одлуката за партиципирање на ЗНАМ во Владата. Од движењето велат дека Преговорите со коалициските партнери продолжуваат и за две заменик министерски места, но ресорите не се дефинирани и нема конечен договор. ЗНАМ ќе преговара и за државни секретари во министерствата и за позиции во пониските ешалони односно за директорски функции.